Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија ќе има тежок пат до СП во Катар 2022 година
    Фудбал

    Македонија ќе има тежок пат до СП во Катар 2022 година

    risteBy riste07/12/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година. Објективно, тежок

    Ќе биде патот на Македонија до Катар, а така сакаше ждребката одржана вечерва во седиштето на ФИФА во Цирих.

    Репрезентацијата на Македонија беше извлечена од четвртиот шешир, па затоа и се очекуваше да добие силни противници. Македонија по ждрепката се најде во групата Ј, каде ќе играат селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Шансите за пласман на нашата селекција на СП 2022 година се мали, но селекторот Ангеловски и фудбалерите ќе дадат се од себе за да бидат во игра за пласман на СП до крајот на овие квалификации.

    Европска зона квалификации за Светското првенство 2022 година

    ГРУПА А: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан
    ГРУПА Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово
    ГРУПА Ц: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија
    ГРУПА Д: Франција, Украина, Финска, БиХ, Казахстан
    ГРУПА Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија
    ГРУПА Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски Острови, Молдавија
    ГРУПА Г:  Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар
    ГРУПА Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта
    ГРУПА И: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино
    ГРУПА Ј:  Германија, Романија, Исланд, Македонија, Ерменија, Лихтенштајн

    Натпреварите од првото коло ќе се играат на 24-25 март 2021 година, а последното десетто на 14-16 ноември 2021 година. Во мартовската и септемвриската репрезентативна рунда ќе се одиграат по три кола, додека во октомври и ноември по две.

    Само првопласирани селекции ќе обезбедат директно учество на СП 2022 година, додека вторите ќе играат плеј-оф и тоа ќе мора да минат две рунди. Покрај десетте второпласирани од квалификациите, две репрезентации ќе обезбедат учество во плеј-офот и преку Лигата на нациите. Поточно двете најдобро рангирани во наредното издание на Лигата на нациите кои не се веќе пласирани на Светското првенство ќе учествуваат во полуфиналниот бараж.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.