Јоаким Лев кој седи на клупата на Германија не крие дека е задоволен од квалификациската група за пласман на Свесткото фудбалско првенство во Катар во 2022 година.
Неговата репрезентација е првиот фаворит во групата во која се уште и Македонија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
„Мора да ја оправдаме улогата на фаворити, секако, немаме намера да потцениме ниту еден од противниците. Сепак, јасно е дека очекуваме да бидеме во Катар“ – изјави селекторот на Германија.

