Португалскиот стратег на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо, се осврна на критиките дека неговиот тим форсира дефанзивен фудбал и дека ги користи контра-нападите како главно оружје.
„Приказните за поседот на топката се повеќе за спортските филозофи отколку за мене. Никој никогаш не слушнал дека сум рекол: „Го загубив натпреварот иако имав повеќе посед“ вели Специјалниот кој се наврати и на периодот поминат во Манчестер Јунајтед.
„Освоив три титули – Лига купот, Комјунити шилд и Лига Европа. Замислете ги другите кои никогаш не го направиле тоа“ – потенцираше Мурињо.

