Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити се приклучи на групата за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус.
Францускиот дефанзивец беше повикан за прв пат оваа сезона откако ја третираше повреда на коленото во последните месеци. Умтити последен пат беше во можност да игра на 30 јуни, а неговиот последен натпревар беше на 27 јуни против Селта Виго.
Повредените Осман Дембеле, Жерард Пике, Ансу Фати и Серж Роберто не се во списокот за вечерашниот натпревар, па тренерот Роналд Куман мораше да повика играчи од вториот тим на Барселона.

