Барселона е заинтересирана за 21-годишниот напаѓач на Бенфика Дарвин Нуњез, објави „Sport.es“.
Според изворот, минатата недела, спортскиот директор на Барселона, Рамон Планес, одлетал во Лисабон за лично да го гледа играчот. Се најавува дека трансферот ќе се изврши не порано од 2022 година. Барселона направи обиди да потпише со играчот на Алмерија изминатото лето, но Нуњез се приклучи на Бенфика во септември.
21-годишниот фудбалер е интересен и за Јувентус од Торино. Тековниот договор меѓу Уругваецот и Бенфика е со важност до летото 2025 година. Оваа сезона, Нуњез учествуваше на 13 натпревари, стана автор на 6 гола и 6 асистенции.

