Натпреварот помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир кој беше прекинат синоќа ќе се доигра вечерва.
Натпреварот на „Паркот на принцовите“ беше прекинат во 14. минута, откако четвртиот судија Себастијан Култеску го нараше „црниот“ помошник тренер на гостите Пјер Вебо. Натпреварот ќе се догра вечерва со почеток од 18:55 часот, а ќе продолжи од минута кога беше прекинат.
Судискиот тим ќе биде комплетно нов. Главен судија ќе биде Дани Маккели од Холандија, а ќе му помагаат Дикс од Холандија и Бониек од Полска, а четврти судија ќе биде Марко Ди Бело од Италија.

