Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер зборуваше за поразот во натпреварот од 6.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со РБ Лајпциг (2:3), како резултат на кој „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Лигата на шампионит и ќе мора да играат во Лигата на Европа.
„Почнавме да играме предоцна. Покажавме одличен карактер кога се вративме во игра, но не можете да дозволите противникот да постигне три гола и да се обидете потоа да направите кам-бек. На крајот немавме среќа, но се обидовме. Се разбира, не може да се каже дека бевме доволно добри – не бевме. Главниот пораз за нас беше во Истанбул. Се сеќавате на такви натпревари и знаете дека сте ги изгубиле бодовите што требаше да ги добиете. Денес бевме близу, но пред натпреварот знаевме дека ќе треба да се браниме од почетокот. Ние едноставно не можевме да го направиме тоа. Имаме неколку минути за да жалиме за овој натпревар денес, но тоа е сè. Во сабота имаме многу важен натпревар со Манчестер Сити и треба да се концентрираме на него“, изјави Солскјер за прес-службата на УЕФА по вчерашниот натпревар.

