Една од најголемите надежи на Арсенал – Габриел Мартинели го одигра својот прв натпревар по 9 месеци по повредата на коленото.
19-годишниот Бразилец учествуваше на натпреварот помеѓу „топџиите“ против Вимблдон (0:3). Напаѓачот се појави во почетниот состав и беше заменет по паузата.
Мартинели заработи повреда на коленото за време на тренингот во јуни 2020 година, а Бразилецот беше опериран во јули. Последниот настап во дресот на Арсенал напаѓачот го имаше на 2 март против Портсмаут (2:0) за ФА купот. Вкупно во екипата на Арсенал, Мартинели има постигнато 10 голови и 4 асистенции.

