Главниот тренер на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, ги нарече неговите фудбалери „машини“ откако го совладаа Манчестер Јунајтед со 3-2 и обезбедија место во елиминациите во Лигата на шампионите.
„Бев прилично нервозен на крајот од натпреварот иако имавме многу поголема контрола врз противникот. Момците го исполнија планот особено во првото полувреме“ – вели Нагелсман.
„Во вториот дел Јунајтед покажа подобра игра.Мислам дека судиите беа на висина на задачата. Мегваер играше со рака, тоа се гледа на снимката. Моите фудбалери денеска беа како „машини“, тоа ме прави среќен“ – вели тренерот на германскиот состав.

