Поранешниот италијански репрезентативец Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“.
Италијанската фудбалска суперarвезда ја предводеше Италија на Светското првенство во Шпанија 1982 година постигнувајќи шест гола, освојувајќи ја Златната копачка за најдобар стрелец и Златната топка за најдобар играч на првенството. Истата година тој беше награден со Златна топка од списанието Франс Фудбал за најдобар фудбалер во Европа. Паоло Роси, роден на 23 септември 1956 година во градот Прато, играше во екипите на Комо, Виченца, Перуџа, Јувентус, Милан и Верона.
Како дел од Јувентус, тој ги освои КНК, Суперкупот на Европа (1984) и КЕШ во 1985 година. За репрезентацијата на Италија одигра 49 натпревари и постигна 20 голови.
„Толку тажна вест – Паоло Роси нè напушти“, изјави водителот на РАИ Спорт, Енрико Варијале, без да ги наведе причините за смртта на освојувачот на „Златна топка“. Беше прекрасен и компетентен колега во РАИ во последните години“ додаде Варијале.

Нешто подоцна, сопругата на Роси, Федерика Капелети, објави фотографија на двајцата на социјалните мрежи и напиша „засекогаш“.

