Во натпреварот од шестото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја победи Борусија Менхенгладбах. Средбата се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид и заврши со резултат 2:0 во корист на домаќините.
Францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид Карим Бензема го одигра 527-от натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања и го повтори достигнувањето на Роберто Карлос по бројот на настапи за Кралскиот клуб меѓу странските играчи.
Бензема беше одличен на синоќешниот натпревар од последното коло во групата Б, а со неговите два гола и тоа со глава му донесе победа и прво место на неговиот тим во оваа група и секако пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

