Бразилскиот напаѓач Хулк се најде на списокот на желби на Вулверхемптон, пренесуваат медиумите во Англија. Англискиот клуб е во потрага по замена за напаѓачот Раул Хименез, кој се здоби со скршеница на черепот на натпреварот од 10-то коло во Премиер лигата против Арсенал (2:1).
Ќе потсетиме, порано беше објавено дека Хулк е подготвен да се согласи за намалување на плата за 90% со цел да игра во англиската Премиер лига. Платата на 34-годишниот играч во кинескиот клуб Шангај СИПГ беше околу 20 милиони евра. Хулк најави заминување од Шангај СИПГ и е слободен играч.
Претходно беше објавено дека Зенит и Порто се заинтересирани за услугите на напаѓачот, за кои тој играше претходно. Имаше информација дека од Порто му нудат договор на 34-годишниот фудбалер со плата од 3 милиони евра годишно. Во 2016 година, Хулк се пресели во Шангај СИПГ од Зенит за 55,8 милиони евра. Одигра 145 натпревари за овој клуб, постигна 76 гола и 54 асистенции.

