Фудбалската репрезентација на Македонија останува на истата позиција на најновата ФИФА-ранг листа објавена денес.
Нашиот национален тим се наоѓа на 65. позиција, а веднаш зад нас се Албанија, Саудиска Арабија и Бугарија.
И понатаму најдобра репрезентација во светот е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија. Од нашите следни противници во квалификациите за СП, Германија е 13-та, Романија 37-ма, а Исланд е 46-ти.
Што се однесува до противниците на ЕП, Холандија е 14-та, Австрија е 23-та, додека Украина е 24-та.
Бидејќи ова беше последната ранг-листа за оваа година, тоа значи дека 2020 година која е историска за Македонија ќе ја завршиме на оваа 65-та позиција.

