Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, кој се вбројува меѓу најдобрите напаѓачи во светот, откри дека во минатото имал понуди од Јувентус и Интер, но, се определил да го носи дресот на Наполи.
„Секогаш ќе му бидам благодарен на Наполи. Поради таа причина одбив многу италијански клубови вклучувајќи го тука Јувентус кој често ми се јавуваше и луѓето од Интер“ – вели Уругваецот.
„Знам дека направив многу за Наполи и дека ме почитуваат“ – нагласи напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

