Претседателот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, најави дека Давид Алаба може да потпише нов договор со клубот иако сегашните преговoр стојат во место.
„Нормално е дека големите екипи сакаат да го купат Алаба. Тој сам ќе мора реши дали ќе остане кај нас или ќе ја промени средината“ – потенцираше Румениге. Познато е дека репрезентативецот на Австрија бара драстично зголемување на платата (23 милиони) колку што добива Левандовски.
Челниците, пак, на Баварците му нудат максимална добивка од 16 милиони по сезона вклучувајќи ги и бонусите. Алаба има договор до јуни во 2021 година.
