Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед доколку тимот одлучи да го отпушти Оле Гунар Солсјаер. Притисокот врз Норвежанецот е посериозен од кога и да е, бидејќи „црвените ѓаволи“ испаднаа од групната фаза од Лигата на шампионите.
Покетино е без работа нешто повеќе од една година откако беше заменет со Жозе Мурињо во тимот на Тотенхем.
Според британски извори, Аргентинецот „дефинитивно би ја прифатил работата“ доколку му биде понудена, дури и без учество во Лигата на шампионите.
