Апелацискиот суд во Милано ја потврди казната од девет години затвор за бразилскиот фудбалер Робсон де Соуза Робињо за учество во групно силување на млада жена во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Робињо, поранешен играч на Реал Мадрид и Манчестер Сити, таа сезона играше за Милан и учествувал во силување на една Албанка која го прославувала својот 23-ти роденден на добро познато место во Милано.
Сантос, кој на почетокот на октомври најави враќање на 36-годишниот бразилски напаѓач, го раскина договорот кратко по притисокот што произлезе од пресудата за сексуално насилство што тој ја доби во Италија.

