Дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт, е една од опциите за Манчестер Ј. за засилување на позицијата централен бек во зимскиот преоден рок. Според „Манчестер Ивнинг Стандард“, Јунајтед го следи Вајт подолго време и во него гледа добра инвестиција, доколку не успеат да ги договорат Упамекано од Лајпциг и Рафаел Варан од Реал Мадрид.
23-годишниот Вајт ја игра својата прва сезона во Премиер лигата со Брајтон, откако претходно импресионираше на позајмицата во Лидс Јунајтед и освои многу пофалби за минатогодишниот настап во Чемпионшип лигата. Тој стана познат по својата способност да игра надвор од последниот дел во одбраната и исто така може да помигне како дефанзивен играч за врска.

