На Славен Билиќ му претстои нова борба за да ја задржи работата како шеф на Вест Бромвич Албион пред саботниот клучен дуел против Њукасл.
ВБА во моментов е на 19-та позиција во Премиерлигата, победувајќи на само еден од 11-те натпревари од враќањето во елитата.
Улогата на Билиќ како главен тренер одамна е сè понеизвесна, бидејќи тој го подготвува својот тим за клучното гостување во Ст. Џејмс Парк, каде што ќе биде одлучено дали Хрватот ќе си ја задржи работата.
Извори од клубот тврдат дека поразот против тимот на Стив Брус викендов ќе му пресуди на Хрватот кој веќе со недели е мета на критики од фановите на ВБА.

