Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани следната седмица ќе организираат заеднички тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Во периодот од 17. до 22. декември на тренинг кампот ќе бидат вклучени околу педесетина фудбалери кои меѓусебно ќе одиграат и два контролни натпревари. Милевски и Арслани во понеделник ќе ги објават имињата на фудбалерите кои ќе бидат дел од кампот во Охрид.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски вели дека на претстојниот тренинг камп ќе бидат вклучени фудбалери пред сѐ од домашниот шампионат, но се следат и играчите од странство кои имаат наше потекло.

