Фудбалерот на Евертон, Хамес Родригез, ќе го пропушти утрешниот меч со Челзи во Премиер лигата, објави тренерот на „карамелите“, Карло Анчелоти. Колумбиецот кој има три гола и три асистенции во тековнава сезона, се здоби со повреда на мечот со Барнли и затоа е надвор од тренажен процес.
„Хамес има болки и не тренира. Не е сериозно, но, нема да биде подготвен за в сабота. Мислам дека ќе тренира повторно од наредната седмица. Не сакам да ризикувам против Челзи. Се надевам дека ќе може да игра на наредниот меч против Лестер“ – објасни Анчелоти.
Италијанецот потенцираше дека капитенот, Колман не е подготвен и дека играчот за врска, Фабијан Делф, исто така ќе мора да го „скокне“ дуелот со „сините“.
