Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола пред големото дерби со Манчестер Јунајтед изјави дека и за двата тима тоа ќе биде исклучително тежок меч.
„Секако, натпреварот ќе биде тежок, како и со сите поголеми тимови. Манчестер Јунајтед има неверојатни играчи. Ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра, да го контролираме противникот и да казниме. Манчестер Јунајтед знае дека одиме на Олд Трафорд за да победиме. Знаеме за нивниот квалитет и не можеме да го негираме тоа. Ривалот има исклучителен состав, тоа е познат факт, но ние сме подготвени за тоа“, рече Гвардиола.

