Извршниот директор на Арсенал, Винај Венкатешам, го поддржа клупскиот менаџер Микел Артета и покрај слабите настапи во текот на сезоната. „Топчиите“ се наоѓаат на 15. место во Премиер лигата откако досега загубија седум првенствени натпревари.
„Имаме многу работа со Микел. Како прво, тој има индивидуалност со незаменливо искуство во Англија стекнато со години во Манчестер Сити, Арсенал, Евертон и повторно во Арсенал. Имаме човек кој го сака овој клуб и разбира што значи сето тоа. Тој беше капитен тука, имаме човек кој е и вистински тимски играч, неговиот тим е навистина добар, предводен од техничкиот директор Еду. Микел носи успех со себе, ја почитува историјата и традицијата и има навистина силен карактер“, изјави Венкатешам за „Тајмс“.

