Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота може да пропушти околу два месеци поради повреда. Според португалскиот „Рекорд“, повредата на коленото, која ја доби 24-годишниот Португалец на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со данскиот Мидтјиланд (1:1), е сериозна.
Првично, се тврдеше дека Жота ќе го пропушти само следниот натпревар на Ливерпул. На најверојатно играчот кој досега одигра девет натпревари, на кои се постигна четири гола ќе мора на подолга пауза. Тој исто така постигна четири гола на шест натпревари во Лигата на шампионите.
Натпреварот од 12-то коло на англиската лига меѓу Фулам – Ливерпул е закажан за утре, 13 декември со почеток во 17:30 часот. Ливерпул има 24 бода и е втор на табелата во Премиерлигата, зад Тотенхем, само поради послабата гол разлика.

