Играчот за врска на ПСЖ, Марко Верати изјави дека се надева дека напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе ќе ги продолжат договорите со неговиот клуб.
„Секој ден ги замолувам Нејмар и Мбапе да останат во ПСЖ! Понекогаш го прашувам Килијан: „Дали веќе потпишавте нов договор?” Мислам дека наскоро ќе се договорат, бидејќи обајцата овде се чувствуваат добро”, изјави Верати.
Да потсетиме, договорите на Нејмар и Мбапе со ПСЖ се со важност до 2022 година. Нејмар се приклучи на ПСЖ од Барселона летото 2017 година. Сумата на трансферот изнесуваше рекордни 222 милиони евра, кои беа обележани во договорот на бразилскиот напаѓач со каталонскиот клуб како обештетување. Мбапе стана играч на парискиот тим во 2018 година.

