Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик изјави дека играчот за врска Леон Горетцка се повредил на натпреварот од 11. коло на германската Бундес лига со Унион Берлин (1:1).
„Леон чувствуваше болка додека трчаше. Сè уште не знаеме што точно се случило. Ќе направиме уште неколку медицински тестови во Минхен. Се надеваме дека повредата не е сериозна“, изјави Флик за официјалната веб-страница на Баерн Минхен.
Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 15 натпревари за германскиот клуб, постигна четири погодоци и три асистенции. Баерн Минхен има 24 бода на 11 натпревари и се наоѓа на првото место на табелата во германската Бундес лига заедно со Лапциг кој има исто така 24 бода.

