32 екипи ќе учествуваат во ждрепката за 1/16-финалето во Лигата на Европа – 24-те кои ги зазедоа првите две места во групите на турнирот и 8-те кои останаа трети во групите во Лигата на шампионите.
Како и во Лигата на шампионите, носители во ждерпката ќе бидат домаќини на реваншот од 1/16 финалето. Тимови од една земја и оние кои беа во иста група во лигата не можат да се натпреваруваат едни против други. Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат на 18 февруари а реваншите се закажани за 25 февруари.
Носители: Милан, Арсенал, Ајакс, Бриж, Динамо (Загреб), Хофенхајм, Лестер, Баер Леверкузен, Манчестер Јунајтед, Наполи, ПСВ Ајндховен, Ренџерс, Рома, Шахтјор Доњецк, Тотенхем и Вилјареал. Неносители: Антверпен, Бенфика, Брага, Црвена Ѕвезда, Динамо (Киев), Гранада, Краснодар, Лил Макаби (Тел Авив), Молде, Олимпијакос, Реал Сосиедад, РБ Салцбург, Славија (Прага), Волфсбергер и Јанг Бојс.
