Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, вели дека Каи Хаверц допрва ќе ги покаже вистинските квалитети бидејќи се уште чувствува последици откако го прележа корона-вирусот.
21-годишниот германски плејмејкер во ноември мораше да пропушти три меча бидејќи беше позитивен на Ковид-19. Хаверц во текот на летото беше купен за големи 70-ет милиони евра од Баер (Леверкузен).
„Мора да му дадеме време на Хаверц. Тој е голем талент кој треба да се адаптира на нашата лига. Знам дека ќе биде одличен“ – вели Лампард.

