Напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд ја доби наградата „Златно момче“, што му се доделува на најдобриот фудбалер во Европа до 21 година, кој игра во елитните лиги.
„Горд сум на оваа награда. Ме мотивира да барам повеќе големи успеси и да напредувам”, изјави Халанд за „Тутоспорт“, публикацијата што ја организираше оваа анкета.
Така, младиот Норвежанец го наследи тронот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, кој беше победник во 2019 година.

