20-годишниот норвешки напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд го сподели своето мислење за работата на неговиот еминентен агент – Мино Рајола, а исто така одговори и на добивањето на наградата за најдобар млад играч на годината.
„Рајола е најдобриот агент во светот. Тој ми помага многу, па затоа сакам да продолжам да работам само со него. Мојата иднина? Среќен сум во Борусија Дортмунд. Имав одлична соработка со Фавр и би сакал да му се заблагодарам за сè. Награда за најдобар млад играч? Можев да сонувам само за тоа, како и за Лигата на шампионите. Задоволен сум од себеси“, изјави Халанд.
Ерлинг Халанд стана играч на Борусија во јануари 2020 година, откако премина од австрискиот клуб РБ Салцбург за 20 милиони евра. Оваа сезона од германскиот шампионат, Халанд учествуваше на 8 натпревари, на кои постигна 10 гола и 2 асистенции. Тој исто така постигна 6 гола на 4 натпревари во Лигата на шампионите.

