Интер планира да се раздели со неколку играчи одеднаш во текот на зимскиот преоден рок, објави „Газета дело Спорт“.
Во Интер имаат намера да се ослободат од четворица свои фудбалери: играчите од средниот ред Матијас Весино, Раџа Наинголан и Кристијан Ериксен, како и напаѓачот Андреа Пинамонти. 29-годишниот Уругваец не влегува на терен поради проблеми со коленото, 32-годишниот Белгиец и 28-годишниот Данец не се вклучени во плановите на тренерот Антонио Конте, а 21-годишниот Италијанец, според тренерот, треба да стекне искуство.
Како што веќе беше објавено, играчот за врска Иван Перишиќ исто така може да го напушти Интер, но клубот ќе се раздели од него само во случај на соодветна понуда. Интер со 24 бода по 11 кола е втор на табелата на италијанската Серија А, со 3 бода помалку од Милан.

