Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е импресиониран од работата на Жозе Мурињо во Тотенхем. Двата тима ќе се соочат утре во пресметка за врвот во Премиер лигата.
„Начинот на кој тие играат е многу добар. Контра-нападот не е нивната единствена стратегија. Тоа што го направи Мурињо во Тотенхем е многу импресивно. Тој ги претвори во машина за добри резултати” – изјави германскиот тренер.
„Ако се обидете да ги запрете Сон и Кејн, другите ќе ве удрат. Тотенхем е закана секоја секунда и од секоја страна. Бергвајн игра клучна улога во контрите. Ндомбеле е активен постојано а Ле Селсо, Сисоко и Хајберг ја држат срединат“ – вели Клоп.

