Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, верува дека тимот ќе ја надмине сегашната ситуација и дека ќе влезе во победнички ритам. Шпанецот е свесен дека треба да направи одредени промени.
„Сакам да верувам дека моменталната ситуација ќе се промени. Факт е дека губиме натпревари и тоа мора да престане. Треба да започнеме да победуваме“ – вели Арета.
„Знаеме дека не ги остваруваме целите кои ги поставивме пред почетокот на сезоната. Сега треба да бидеме храбри и да се бориме “ – изјави менаџерот на „топџиите“ кои се наоѓаат дури на 15-то место по 12 одиграни кола во Премиер лигата.

