Фиорентина ги демантира вчерашните објави дека во текот на зисмкиот трансфер период ќе се обиде да го ангажира рускиот фудбалер, Александар Кокорин. Тоа денеска го соопшти, Андреа Манчини.
„Кокорин е фантастичен фудбалер. Во Серија А, многу екипи се заинтересирани за него. Нашиот клуб има други приоритети покрај трансферите. Ние сме на 17-то место и треба да ги добиеме наредните натпревари” – рече Манчини.
29-годишниот Кокорин во тековнава сезона има постигнато само 2 гола за Спартак (Москва).

