Фудбалерите на Јувентус денеска ги очекува дерби мечот со Аталанта во Серија „А“. Нивниот тренер, Андреа Пирло, вели дека противникот мора да се респектира.
„Ќе биде тежок меч и тоа против силен тим. Гледаме дека напредуваат не само во Серија А, туку и во ЛШ. Не сум изненаден од нивната упорност, затоа што тие играат така веќе неколку години“ – вели Пирло.
„Со огромна почит ќе се соочиме со Аталанта, тоа е одлична нова реалност во нашиот фудбал што е изградена благодарение на работата на Гасперини“ – нагласи тренерот на „старата дама“.

