Медиумите во Италија наведуваат дека фудбалерот на Аталанта, Папу Гомез, има големо недоразбирање со тренерот, Џан Пјеро Гасперини и најверојатно набрзо ќе си замине од екипата.
Според одредени наводи, Интер е сериозно заинтересиран за ветеранот и сака да го трампа Кристијан Ериксен, кој не ги исполни очекувањата на челниците од „Сан Сиро“.
Ако дојде до трансфер, проблем ќе биде платата на Данецот во висина од 7,5 милиони евра по сезона бидејќи екипата од Бергамо не може да си ја дозволи таа сума.

