Синоќешната победа на Барселона од 2:1 над Реал Сосиедад се покажа како посебна за капитенот на каталонците, Лионел Меси.
Аргентинецот ја забележа победата бр. 300 на стадионот „Ноу Камп“, а за бројка му беа потребни само 368 натпревари. 210 од овие победи се во Ла Лига, 53 во Лигата на шампионите, 30 за Купот на Шпанија и 6 за Суперкупот на Шпанија.
Во уште 48 меча, Лео не загубил на стадионот на каталонците, откако мечевите завршиле нерешено.

