Менаџерите на Ливерпул и Тотенхем, Јирген Клоп и Жозе Мурињо ги пофалија своите тимови по дербито на 13. коло во Премиер лигата, кое „црвените“ го добија со 2:1
Иако „мамузите“ беа инфериорни во поседот на топката и по бројот на креирани шанси, „Специјалниот“ по мечот рече дека неговиот тим бил подобар на теренот.
„По натпреварот му реков на Јирген Клоп дека подобриот тим загуби денес. Тој не се согласи, но тоа е неговото мислење. Сакам да истакнам дека ако се однесувам како него, веројатно судиите ќе ме избркаат. Овој став е пристрасен. Поради некоја причина, правилата се различни за мене“, вели Мурињо.
„Тотенхем целосно го контролираше натпреварот и поразот е незаслужен, но ова е фудбал. На паузата направивме мали промени, но генерално го контролиравме натпреварот и јас сум задоволен. Секако, направивме грешки, но мали, и секогаш има што да се подобри“, заврши Португалецот.

