Езџан Алиоски синоќа на мечот против Њукасл го постигна својот прв гол во Премиерлигата. Алисоки беше стрелец на еден од петте гола со кои неговиот тим славеше со убедливи 5:2 против екипата на Њукасл.
Статистиката вели дека Алиоски стана првиот македонски фудбалер по цели 22 години кој успева да погоди на меч во англиската фудбалска елита. Последен пат тоа му успеа на Ѓорѓи Христов како фудбалер на Барнсли на 4 април 1998 година. Интересно е што Христов исто така беше стрелец на „Иланд Роуд“, но тогаш на меч против Лидс.

