Манчестер Јунајтед нема намера да купува нови играчи за време на зимскиот преоден рок. Од друга страна, се очекува да бидат донесени нови играчи на четири позиции, но во текот на летото.
„Манчестер Ивнинг Стандард“ пишува дека голема цел на менаџерот Оле Гунар Солскјер и Ед Вудвард е да имаат по двајца квалитетни играчи на секоја позиција за почетокот на следната сезона.
Според информациите, трансфер во јануари може да се случи само доколку се случи некој од фудбалерите за кои Јунајтед се интересира да ги донесе на лето, овој јануари да се продава по разумна цена, што е малку веројатно.

