Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, е прогласен за најдобар фудбалер за 2020 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација.Церемонијата на доделување на наградите се одржа виртуелно а домаќини на програмата во Цирих беа реномираниот англиски спортски новинар Решмин Чоудури и легендарниот холандски фудбалер Руд Гулит.
Левандовски кој за Баварците одигра 47 натпревари и постигна 55 голови, беше еден од најзаслужните за освојување на Бундеслигата, германскиот Куп и Лигата на шампионите.За репрезентацијата на Полска одигра 14 натпревари во 2019 и 2020 година, на кои постигна осум гола.Англичанката Луси Бронзе (Манчестер Сити) беше прогласена за најдобра фудбалерка, стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп е избран за најдобар тренер, додека наградата за најдобар голман му припадна на Германецот Мануел Нојер. Наградата „Ференц Пушкаш“ за стрелец на најубавиот гол му припадна на крилото на Тотенхем, Сон Хјонг Мин.
Во најдобриот тим на годината се израни Алисон Бекер – Трент Александар-Арнолд, Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк, Алфонсо Дејвис – Кевин де Бруин, Тиаго Алкантара, Џошуа Кимих – Лионел Меси, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо.

