Меѓународната фудбалска федерација, заедно со Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (FIFPro), го објави идеалниот тим за 2020 година.
Уште еднаш, Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси беа во најдобрите 11 за оваа година. 2020 година стана 14-та година по ред, како овие двајца фудбалери се во идеалниот тим на годината.
Двајцата играчи беа во конкуренција и за главната индивидуална награда на годината од ФИФА – „Најдобар играч на годината“, но таа му припадна на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Составот на идеалниот тим на 2020 година:
Голман: Алисон Бекер (Ливерпул)
Дефанзивци: Вирџил ван Дајк, Трент Александар-Арнолд (двајцата – Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Баерн), Серхио Рамос (Реал Мадрид).
Среден ред: Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Тиаго Алкантара (Барселона / Ливерпул)
Напаѓачи: Роберт Левандовски (Баерн), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус).

