Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги сподели своите емоции откако беше избран за најдобар фудбалер на светот за 2020 година во избор на ФИФА. Полскиот напаѓач зад себе ги остави Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои 14-ти пат по ред беа во идеалниот тим на годината.
„Јас сум многу среќен. Среќен сум и горд на она што го постигнав. Ова е одличен ден не само за мене, туку и за моите соиграчи и клубот. Наградата им припаѓа на сите нив и на тренерите, на сите во Баерн. Чувството е фантастично“, рече Левандовски.
„Работев толку многу изминатите години. 2020 година беше сензационална. Секогаш е тешко да се остане на врвот, но тоа е она кон што се стремиме. Се надевам дека ќе играм долго време. Јас сум во одлична форма и не размислувам за крајот на мојата кариера. Очекувањата не ме плашат, сакам да продолжам да бидам меѓу најдобрите“, додаде Левандовски.
„Не е важно колку трофеи и награди сум освоил, секогаш ќе сакам повеќе. Веќе ги поставив следните цели. Тоа е мојот менталитет, како и целиот тим. Се надевам дека ќе го прославам следниот трофеј со навивачите”, заврши популарниот Лева.

