Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу емотивен по добивањето на наградата за најдобар тренер според ФИФА.
„Очигледно не бев подготвен за ова, но секако морам да ви се заблагодарам и го сторам тоа, особено во име на целиот мој тренерски тим. Тоа е јасно – без нив јас не би бил тука и немаше да го имаме успехот што го постигнавме. Ова ќе беше невозможно без играчите. Работам во неверојатен клуб, ја добивам целата поддршка што ми е потребна, има само прекрасни луѓе околу мене. Затоа, доаѓаме тука дури и во тешки времиња, секој ден со насмевка на лицето“, изјави Клоп за официјалната веб-страница на Ливерпул.
Номинирани за наградата беа и тренерите на Лидс, Марсело Билса и тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик. Клоп ја освои наградата втора година по ред. Минатата сезона, под водство на 53-годишниот Клоп, Ливерпул стана шампион на Англија за прв пат по 30 години. Оваа сезона Ливерпул е лидер во англиската Премиер лига со 28 бода. Договорот на германскиот тренер со клубот важи до 30 јуни 2024 година.

