Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го криеше задоволството од успехот над Шефилд Јунајтед (3:2). Ова беше десетта последователна победа на „црвените ѓаволи“ на гостински терен, но Солскјер се надева дека тимот ќе започне да ја покажува истата игра и на „Олд Трафорд“.
„Победата можеше да биде поубедлива. На 3:1 во наша корист изгубивме концентрација. Факт е дека корнерот од кој падна вториот погодок за домаќините беше погрешно досуден, па тогаш стана навистина тешко”, призна Солсјкер
„Сите наши голови беа прекрасни. Знаевме дека од физичка гледна точка, натпреварот ќе биде многу тежок. Тоа беше вистинска битка. Тоа беше еден од оние натпревари што може да ги наречам како лекција за играчите. Треба да ја подобриме формата дома. Секако, разликата помеѓу дома и гости не е толку голема кога нема навивачи на трибините, но ние сме повеќе навикнати на теренот на „Олд Трафорд“. Претстојниот натпревар со Лидс ќе биде голем настан. Го чекавме со години и ќе бидеме подготвени“, додаде Солскјер.

