Манчестер Јунајтед ја забележа десеттата последователна победа во Премиер лигата на гостински терен, откако стигна до 3:2 против последнопласираниот Шефилд Јунајтед. Домаќините поведоа по киксот на Хендерсон, кој го искористи Дејвид МекГолдрик.

„Црвените ѓаволи“ во 33-та минута стигнаа до целосен пресврт со головите на Маркус Рашфорд и Ентони Марсиал. По паузата, англискиот репрезентативец го зголеми водството на гостите. Непосредно пред крајот, МекГолдрик постигна втор гол за Шефилд Јунајтед, но мораа да се помират со уште еден пораз.
Шести пати по ред од почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед прима прв гол на гостувањето во шампионатот и победи шести пат по ред. По овој успех, тимот на Оле Гунар Солскјер се искачи на шестото место на табелата, но заостанува само два бода зад второпласираниот Тотенхем и има одиграно натпревар помалку.

