Вејн Руни го запиша своето име во историјата на Манчестер Јунајтед како најдобар стрелец на клубот во сите времиња, а неговиот син Каи се надева дека ќе ги следи стапките на неговиот славен татко. 11-годишниот Руни јуниор го потпиша својот прв договор со „црвените ѓаволи“.
„Ден на гордост. Каи потпиша со Манчестер Јунајтед. Продолжи да работиш напорно, сине“, напиша поранешниот англиски репрезентативец на социјалните мрежи. Каи е најстариот од четирите сина на Вејн Руни и неговата сопруга Колин.
Момчето е страствен навивач на Манчестер Јунајтед и ќе го продолжи својот развој на Англиската Гранд Академија. Вејн Руни моментално е во Дерби Каутни. 35-годишниот напаѓач има 10 натпревари и 1 гол за оваа екипа од почетокот на сезоната во Чемпионшип.

