Откако Ливерпул го донесе минатото лето напаѓачот на Вулверхемптон, Диого Жота, со кого направи вистински трансфер, сега „волците“ сакаат еден од актуелните играчи на шампионот. Станува збор за Дивок Ориги, кој многу веројатно ќе биде продаден во јануари, тврди „Дејли меил“.
25-годишниот Белгиец има седум настапи во сите натпреварувања оваа сезона и само еден гол. Во Премиерлигата, тој запиша само два натпревари во текот на тековната сезона. На Вулверхемптон му е потребен напаѓач откако Раул Хименез се здоби со скршеница на черепот и најверојатно нема да игра наскоро.
Според „Дејли меил“, останатите опции на Вулверхемптон се Макси Гомез од Валенсија и Саломон Рондон, кој во моментов игра за кинескиот Далиан. За Ориги се заинтересирани и Борусија (Дортмунд), Њукасл и Клуб Бриж.

