Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Прием во АМС на освојувачот на европски сребрен медал во таеквондо Дејан Георгиевски
    Домашен микс

    Прием во АМС на освојувачот на европски сребрен медал во таеквондо Дејан Георгиевски

    risteBy riste18/12/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод освоениот европски сребрен медал во таеквондо.

    „Особена чест ми претставува што денес, кај нас, во куќата на спортот е Дејан Георгиевски, Вицешампион на Европа во таеквондо. Од таа причина, најпрвин би сакал искрено да му честитам првенствено на Дејан, за освоениот сребрен медал, а на челниците на Националната федерација да им се заблагодарам за успешно остварените цели и за сите досегашни резултати, кои овозможија овој спорт да се стави на врвот на спортовите во нашата држава. Нашите очекувања се со сигурност ваша крајна цел, а тоа е остварување на олимписка норма за Токио“,  изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

    Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на ставот дека остварувањата се резултат на макотрпна работа не само на спортистите, туку и на целокупниот стручен штаб на чело со федерацијата, кои со своите успеси докажуваат дека поддршката е на вистинска адреса.

    „Само бод ме делеше од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ , кои се закажани за Мај 2021 во Софија ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио“, истакна Георгиевски.

    „Освоеното сребро на Европско сениорско првенство во олимписко таеквондо кое се одржа во Сараево е историски медал за македонскиот олимписки спорт, а  овој медал се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови одкако Македонија е независна држава“, истакна претседателот на таеквондо федерацијата и тренер, Борче Костовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.