Златан Ибрахимовиќ се повреди на мечот со Наполи во ноември, и иако се навестуваше дека ќе се врати на тренинзите во скоро време, според последните вести од Италија тој е можно е да отсуствува од терените дури еден месец.
Целта беше Ибрахимовиќ да се врати викендов на натпреварот против Сасуоло. Тој беше на тренинг, но повредата се покажала како многу посериозна.
Во Милано се вели дека тој има нов проблем со листот на мускулот. Тоа значи деа за таков вид на повреда е потребна пауза од најмалку еден месец. Ова значи дека тој нема да игра против Сасуоло, Лацио, Беневенто и Јувентус.

